Прескокни до содржината
Закажете демо
Упатство · околу 5 минути

ВИ Асистент: првите чекори

За вашиот тим: како се поставува, што да пробате прво и како да работите сигурно.

1Поставување

  1. Отворете ја датотеката што ви ја пративме за вашиот компјутер. На Windows: двоен клик на „ВИ Асистент за Windows.reg“ и двапати „Yes“ (или „Да“). На Mac: следете ги чекорите во „ВИ Асистент за Mac.txt“.
  2. Затворете го Chrome и отворете го повторно. За една до две минути ВИ Асистент се појавува сам.
  3. Горе десно во Chrome кликнете на иконата за проширувања (парче сложувалка) и закачете го ВИ Асистент, за да ви е секогаш при рака.
  4. Кликнете на иконата А. Од десната страна се отвора панелот.
  5. Во „Поставки“, во полето „Клуч за пристап“, внесете го клучот што го добивте од нас и кликнете „Зачувај и поврзи“. Треба да пише „Поврзано“ и името на вашата фирма.
  6. По желба: „Дозволи на сите страници“, за да работи и во вашиот систем и на другите страници без посебно прашање за секоја.

Chrome потоа пишува дека „со него управува организација“: така ВИ Асистент се инсталира и сам се ажурира. Ние немаме увид во вашето прелистување: ни во историјата, ни во страниците што ги отворате.

Клучот е исклучиво за вашата фирма. Не го објавувајте и не го праќајте надвор од фирмата.

2Пробајте прво

  • „Среди ги мејловите по клиент.“
  • „Напиши нацрт одговор на овој мејл, љубезно и кратко.“
  • „Сумирај ја оваа страница во три точки.“
  • „Од овој PDF внеси ги шифрите и цените во табелата, без оние што веќе ги имаме.“
  • „Најди го клиентот Атлас Пак во системот и кажи ми ги отворените понуди.“
  • „Кои се главните делови од видеото и во која минута?“

Пишувајте како на колега. На пример: „Внеси ги во табелата, но не зачувувај.“

3Вие одлучувате

  • Пред праќање, зачувување, бришење или објавување покажува картичка со „Дозволи“ и „Одбиј“.
  • Никогаш не пишува лозинки и броеви на картички.
  • „Стоп“ го запира во секој момент, од панелот или од самата страница.
  • Работи само во табовите на задачата што ја задавате.

4Совети

  • Една задача по порака. За нова, кликнете „Нов разговор“.
  • Ако нешто не е како што треба, напишете му што да поправи. Тој продолжува од таму.
  • Нивото „Основен“ е за секојдневните задачи, „Напреден“ за посложените.
  • Брзите копчиња ги прилагодуваме за вашата фирма: само кажете ни кои задачи ги правите често.
Помош: kontakt@sistem.mk
ВИ Асистент може да згреши. Пред да кликнете „Дозволи“, проверете што ќе направи.