Клиенти
Барање во живо, на кирилица или латиница. Лица за контакт, спојување на дупликати и клиенти по град на мапа.
Бизнис Систем ги држи клиентите, понудите, сервисот, фактурите и магацинот на едно место, на македонски. ВИ Асистент бара, внесува и пополнува наместо вас, а пред да зачува нешто, секогаш прашува.
Секој ден работи во производна и сервисна фирма од Прилеп.
Вклучете ги модулите што ви требаат. Секој вработен ги гледа само оние што се за неговата работа.
Барање во живо, на кирилица или латиница. Лица за контакт, спојување на дупликати и клиенти по град на мапа.
Понуда од каталогот за неколку минути, уредно испечатена. Табла со статуси, понуди по клиент, цени во денари.
Диспечер за налозите, распоред по ден и час, потпис на клиентот на екран, време и трошок за секој налог.
Картон за секоја машина: модел, сериски број, историја на сервиси и кога е следниот.
Фактура од налогот, наплата по старост на долгот и извоз за сметководство. Скенер што ги чита влезните фактури.
Прием на роба, пратки на мапа за наредните 14 дена и чеклиста за секоја пратка.
„Мој ден“ за секој вработен, задачи со рок и предлози што е на ред.
Каталози, ценовници и знаењето на фирмата на едно место, со пребарување.
Именик, организациска шема и календар на отсуства.
Бројките на фирмата, видливи само за управата.
ВИ Асистент работи во вашиот прелистувач: во Бизнис Систем, во Gmail, во Google Sheets и во секоја веб апликација. Чита, кликнува и пишува наместо вас, а секој чекор го гледате.
Повеќе за ВИ АсистентПродажбата не ги гледа набавните цени, а извештаите и вредностите се само за управата.
ВИ Асистент прашува пред секое праќање, зачувување или бришење и никогаш не пишува лозинки.
Менијата, понудите и ВИ Асистент се на македонски, а барањето ги наоѓа зборовите и на кирилица и на латиница.
Ни покажувате како работите денес, ние ви покажуваме како тоа изгледа во Бизнис Систем.
Клиентите, производите и цените ги пренесуваме од вашите табели во Excel или Google Sheets, или од сметководствената програма.
Модулите, улогите и изгледот на понудите ги средуваме за вашата фирма.
Го обучуваме тимот, а потоа сме тука за секое прашање.
По фирма, според модулите и бројот на корисници.
од1.190 ден
месечно, по фирма
Цените се крајни.
Пишете ни и договараме термин.