Прескокни до содржината
Закажете демо
ВИ Асистент · за Chrome

Вие кажувате.
Тој чита, кликнува и пишува.

ВИ Асистент работи во вашиот прелистувач, на страниците што веќе ги имате отворено: Gmail, Google Sheets, Бизнис Систем или која било веб апликација. Кажете му што ви треба, а пред да прати, зачува или избрише нешто, ве прашува.

Закажете демо Наскоро во Chrome Web Store
Што може

Работата што секој ден ја правите рачно

Мејл

Го средува сандачето по клиент, сумира долги преписки и пишува нацрт одговори што вие ги проверувате.

Од PDF во табела

Шифри и цени од ценовник или каталог, во вашата табела или во Бизнис Систем, без она што веќе го имате.

Формулари

Податоци од PDF, слика или друга страница, внесени поле по поле и проверени.

Табели

Уредна табела, презентација со картички или извештај од вашите податоци.

Знаењето на фирмата

Одговори од вашите каталози и документи, со точните бројки.

Видео

Резиме од титловите со времиња, цел транскрипт за пребарување и брзина на видеото со С и Д.

Повеќе табови

Наоѓа нешто во еден таб, го пополнува во друг.

Со Бизнис Систем

Наоѓа и додава клиенти и производи директно во системот, во еден чекор.

Вие одлучувате, секогаш

  • Прашува пред секое праќање, бришење, објавување, плаќање или зачувување.
  • Никогаш не пишува лозинки.
  • Го запирате во секој момент, од панелот или од страницата.
  • Работи само во табовите на задачата што ја задавате.
  • Звук и известување кога чека дозвола или кога ќе заврши.

Како почнувате

  1. 1

    Добивате клуч за вашата фирма.

  2. 2

    Го додавате ВИ Асистент во Chrome.

  3. 3

    Задавате задача на македонски.

  4. 4

    Го одобрувате планот и гледате како работи.

Пакети

По фирма, не по корисник. Цените се крајни.

Почетен

1.190 денмесечно

За мала фирма и секојдневни задачи.

  • Сите можности на ВИ Асистент
  • Околу 20 задачи на работен ден
  • Месечен лимит, без изненадувања во сметката

Деловен

2.990 денмесечно

За поголем тим и потешки задачи.

  • Сѐ од Почетен
  • Околу трипати повеќе работа
  • Посилно ниво за сложени задачи

Поставување

9.200 денеднократно

Белешки за вашата фирма, брзи копчиња за вашата работа, база на знаење од вашите документи и врска со вашиот систем, каде што тоа е можно.

Вашите податоци

Страниците на кои работи одат на нашиот сервер само за да ја заврши задачата.

Задачите се бришат по 90 дена.

Не ја собира историјата на прелистување и не продава податоци.

Прашања

На кој јазик работи?

На македонски. Задачите ги пишувате на македонски, и одговорите се на македонски.

Дали гледа сѐ во мојот прелистувач?

Не. Работи само во табовите на задачата и не ги чита другите.

Што ако згреши?

Пред секое зачувување прашува, секој чекор го гледате, а Стоп го запира веднаш.

Дали ми треба Бизнис Систем?

Не. Работи со секоја веб апликација. Со Бизнис Систем може и повеќе: клиенти и производи во еден чекор.