Пациентот не дојде.
Вие сепак плативте.
Кирија, сестра, материјал, вашето време. Се плаќаат и кога столот е празен. А пациентот што заборавил денес, следниот пат можеби ќе закаже кај колегата. Стоматолошки Систем го решава тоа.
Каде истекуваат пациентите?
Не во столот. Пред и по него.
„Заборавив.“
Терминот е закажан пред три недели. Никој не го потсетил. Столот стои празен, а сестрата ѕвони на следниот.
Шест месеци подоцна, никој не се сеќава
Пациентот требаше да дојде на контрола. Тетратката никој не ја отвора. Кога ќе се појави проблем, оди таму каде што прв ќе се сети.
Одлучува навечер, кога сте затворени
Пациентот бара стоматолог во 21 часот. Ако не може да закаже веднаш, продолжува да бара и закажува кај друг.
Колку ве чинат празните термини?
Еден празен термин во типична ординација е околу 870 денари. Поместете го бројот и видете колку е тоа за година.
Пресметка: половина од ординациите во Македонија заработиле над 1,74 милиони денари во 2024 (јавни годишни сметки, 915 ординации), поделено со 2.000 работни часа.
Што добивате
Пациентот да ве најде, да закаже, да дојде и да се врати.
Потсетници пред секој термин
Се испраќаат автоматски, во закажаното време. Сестрата не мора да ѕвони, а пациентот што не може да дојде ве известува навреме.
Кој доцни на контрола
Секое утро список на пациентите на кои им е време за контрола, а не закажале. Потсетникот за контрола се испраќа сам.
Закажување од веб-страната
Пациентот избира слободен термин и навечер. Терминот веднаш е во вашиот календар, а сестрата го потврдува наутро.
Задоволниот пациент станува оценка на Google
По посетата пациентот добива врска за оценка. На рецепцијата стои QR код за истото.
Календар по доктори
Цел ден на еден екран. Пациентот што не дошол се презакажува со влечење на нов час.
Картон, забна шема, план за терапија
Историја на третмани, трајни и млечни заби, планот што пациентот го прифатил. Сè за пациентот на едно место.
Како почнувате
Без прекин во работата и без препишување.
- Демо од 15 минутиВи покажуваме на една недела од ординација. Нека е и сестрата до вас, таа ќе работи со него.
- Пациентите ги внесуваме ниеОд Excel, од друга програма или од тетратка. Вие само ни ги давате.
- 30 дена на вашите пациентиРаботите вистински месец. Потоа одлучувате.
Без ризик
Првите 30 дена не плаќате ништо. Не ви треба картичка.
Откажувате со една порака
Ако не ви се исплати, ни пишувате и тоа е крајот. Без договор на години.
Цена заклучена 12 месеци
За првите ординации цената не се менува цела година.
Прашања
Колку чини?
Зависи од пакетот, според бројот на доктори и сестри. Ја кажуваме на демото, а првите 30 дена не плаќате ништо.
Мора ли да ја сменам веб-страната?
Не. Потсетниците, контролите и календарот работат и без неа. Закажувањето во слободните термини работи на веб-страната што ја правиме ние.
Дали сестрата ќе се снајде?
Ако знае да користи Viber, ќе се снајде. На демото покажуваме на неа, а првите денови сме на телефон.
Чии се податоците на пациентите?
Ваши. Ги гледаат само луѓето на кои вие ќе им отворите корисничка сметка.
Колку празни термини имавте минатата недела?
Покажуваме за 15 минути, на вашите вистински прашања. Или јавете се на 070 76 16 76.